– Кампањата од луѓето прави сѐ и сешто. На шега велам, да ми се тресат нозете. СДСМ со коалицијата „Можеме” очекуваме, а е извесно возможно сами да обезбедиме мандати за формирање Влада. Но, и во такви околности ќе влеземе во коалиција за да има рамноправна застапеност во парламентарното мнозинство на сите етнички заедници кое ќе ја сочинува новата влада. Но, апсолутно никако нема да дозволиме уцени, закани, или какви било тајни преговарања. Може да се договараме за вредност, за интересот на граѓаните, за подобар живот на сите, на програмски определби, но уцени, никако, рече Заев.
Според него, ова е важно за да знаат граѓаните дека не зависи ниту од Ахмети, ниту од Заев, ниту од Мицковски или Тачи, ниту од Села или, кој било во државава, туку исклучиво од граѓаните кои, како што рече, се надевам дека ќе излезат во огромен број за да дадат силен легитимитет на овие избори и на идните институции – Парламентот и Владата со што ќе го искористат своето право тие да одлучуваат.
-Граѓаните кажуваат кој ќе биде пратеник, кој ќе биде претседател на Собранието, министер или претседател на Владата. Апсолутно никој друг. Секако дека сите концепти на парламентарното мнозинство и на Владата ќе бидат мултиетнички. Тоа е нашиот концепт – Едно општество за сите. А помислата да се замине во опозиција не е лесно, тоа го чувствуваат господинот Ахмети и господинот Мицковски, рече денеска Заев во Прилеп.