Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, попладнево имаше средба со просветни работници во општината Бутел.
Тој ги истакна политиките на СДСМ и на оваа Влада за вложувања во човечкиот капитал и рече дека со новата развојна економија, како што се покачуваат минималнаат и просечната плата, така ќе има покачувања на платите во сите области.
„Во три наврати, кумулативно, платите на просветните работници и вработените во образованието ги зголемивме за 21.3 проценти и продолжуваме со нашите настојувања вработените во образованието да имаат повисоки пллати и достоинствени услови за работа. Режимот на ВМРО-ДПМНЕ не ги почитуваше просветните работници, од нив правеше гласачка машина, ги носеше на контра протести и ги обремени со милион административни процедури”, посочи Спасовски.
Тој и во новиот мандат најави големи вложувања во образованието и вистинска грижа за просветните работници и за учениците.
„Вложуваме во образованието. Со новата Програма предвидуваме поврзување на сите основни училишта со ултра брз интеренет, интерактивни училници, дигитализација и трасформација на наставната програма, што ги налага и актуелната здравствена ситуација со којашто се соочуваме”, најави Спасовски.
Тој истакна дека следниот мандат на Владата ќе биде целосно посветен на економијата и кревање на животниот стандард на сите категории граѓани.
„Ние ги насочуваме парите кај граѓаните. Минималната плата ја зголемивме на 14.500 а до крајот на мандатот ќе достине до 20.000 денари што е дури 120% повеќе од 9-те илади денари во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт во 2016 година. Ќе расте и просечната плата – до крајот на мандатот ја биде до 34.000 денари. Со тоа платите во сите сектори ќе продолжат да растат – и во образованието”, вети Спасовски на просветните работници на средбата во општината Бутел.