„Има опаѓачки бројки во врска со бројот заболени. Ние сме многу транспарентни, не е променет алгоритмот и таа политика ќе продолжиме да ја водиме. Носиме мерки да помогнеме да не се шири вирусот, работиме на свеста на граѓаните за почитување на мерките. Немаме основа да носиме драстични рестриктивни мерки. Таквите мерки дадоа резултати, сега мерките се таргетирани. Потребно е почитување на мерките, носење маска и држење дистанца.
Лидерот на опозицијата покажа несериозност, Мицкоски одеше во теретана, се забавуваше во ресторан, кога тоа не беше препорачано. Важно е да сме одговорни. Дали ние бевме во теретана или ресторан? Ние сме работно ангажирани и тоа е сосема друго” рече Спасовски во емисијата Само вистина.