И во услови на пандемија државата има капацитет да спроведе здравствено безбедни избори. Важно е да излезете и да гласате, да го остварите своето уставно загарантирано право на глас, за да обезбедиме функционални институции кои што ќе работат за граѓаните. СДСМ и коалицијата Можеме, покажавме и имаме план за подобар економски стандард и повеќе пари кај граѓаните, рече носителката на листа во ИЕ2, Сања Лукаревска во општина Чучер Сандево.
-Минималната плата ја зголемивме на 14.500 а до крајот на мандатот ја креваме на 20.000 денари што е дури 120% повеќе од оние 9.000 денари на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година. Просечната плата до крајот на мандатот ја креваме на 34.000 денари. За две и пол години пензиите пораснаа за речиси 1.800 денари, а ВМРО-ДПМНЕ беше против секое нивно зголемување. Ќе има постојан раст и во следните 4 години и минимална пензија од најмалку 10.700 денари до крајот на мандатот. Тоа е економски патриотизам на дело кој продолжува уште повеќе. Во следниот период домашна платежна картичка од 9.000 денари добиваат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, лицата кои се пасивни баратели на работа, стечајните работници и самохраните родители.
-ВМРО-ДПМНЕ беше и против Мој ДДВ, а за само 3 квартали се вратени 10.7 милиони евра кон граѓаните, и затоа овој успешен проект продолжува. Лимитот за повратот на ДДВ го зголемуваме од 600 на 800 денари месечно, односно на 9.600 денари годишно. Продолжуваме парите да ги враќаме кај граѓаните.
Затоа на 15 јули заокружете 3, гласајте за СДСМ и за коалицијата Можеме, затоа што Можеме уште повеќе и уште подобро!