Лукаревска со жителите на општина Чучер Сандево: Целосно да ги почитуваме протоколите за заштита и на 15 јули да гласаме, важно е, обезбедуваме повеќе пари и за земјоделците

 Целосно да ги почитуваме протоколите за заштита и на 15 јули  да гласаме, важно е, за да продолжиме со уште посилно темпо напред. Обезбедуваме поголема поддршка и за земјоделците, определбата парите кај граѓаните е водечка и во следните 4 години,  рече Сања Лукаревска, носител на изборна листа во ИЕ2.
– Во изминатите три години обезбедивме поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра.  Ја воведовме зелената нафта. До 2024 година обезбедуваме целосно бесплатна „зелена” нафта  за сите земјоделци и двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците. Поддршката за млад земјоделец ја зголемивме од 10.000 на 20.000 евра. Ги подобруваме условите за живеење за сите граѓани. Со поддршка на Владата овде во општина Чучер Сандево се опреми детската градинка со капацитет за 125 деца. Направивме комплетна реконструкција и обезбедивме нов инвентар за подрачното училиште во село Блаце, изградивме и спортска сала за 254 ученици. Секоја година реализираме по еден општински проект преку Програмата за рамномерен регионален развој, а се работи и на разрешување на проблемите со поројните води на Скопска Црна Гора.
-И додека  ВМРО-ДПМНЕ ширеше лажни вести и кршеше мерки за заштита,  ние донесовме три пакети мерки за поддршка на економијата и на граѓаните. Ги штитиме работните места и стандардот на граѓаните, обезбедуваме домашна платежна картичка од 9.000 денари и за пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, за лицата кои се пасивни баратели на работа, за стечајните работници и за самохраните родители.  На 15 јули излезете и гласајте за Социјалдемократскиот сојуз и за коалицијата Можеме, зашто Можеме уште подобро и уште повеќе.

 

Треба да знаете
Последни објави