Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 на гостувањето на емисијата Топ тема на телевизија Телма се осврна на програмата Проект Обнова. Јанушев информираше дека е што е направено во инфратруктурата е направено од владата на ВМРО-ДПМНЕ, и оти СДСМ не направиле ништо за три години откако се на власт.
„Се што е направено во овој дел е од ВМРО-ДПМНЕ. Многу работи не прават различни, тоа е патниот правец Миладиновци-Штип, патниот правец Велес до клучката Свети Николе – Штип, односно реновирање на автопатот Скопје-Велес-Скопје, потоа отпочнување со градба на Штип Кочани, Штип- Радовиш, целосно заокружување на документација за Паланка. Од тој момент до ден денес неспособните од СДСМ камче не ставија. Еве ги повикувам да кажам што имаат направено, едно идеја, дали почнале да ја реализираа
Јанушев посочи дека механизација се појави на незавршените патишта, ама сега во овој период пред избори.
„Јас зборувам дека за три години можеше да се направи многу во овој дел. Но, факт е дека ништо не е направено во инфраструктурата“.
Јанушев напомена дека целосното поврзување од Скопје до Охрид е проект на ВМРО-ДПМНЕ. Тој укажа дека СДСМ лажеше дека е утната трасата, „за конечно да слушнеме дека ни траса е утната, ниту нешто е згрешено, но да слушнеме дека некој 150 милиони некој си ставил во џеб токму за овој дел Кичево-Охрид“.