Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, вечерва ја обвини владата дека на протестите испраќа хулигани за да прават нереди и да предизвикаат судири.
„Испрати хулигани да создадат хаос и да предизвикаат судири меѓу луѓето. Тој сака да не натера да се мразиме едни со други”, напиша Јеремиќ на Твитер.
Поранешниот шеф на српската дипломатија, исто така, порача дека луѓето ќе го сочуваат мирот и достоинството, затоа што владата нема решение за тоа.