(Видео) Загинаа тројца турски војници во експлозија во камион

При експлозија во камион, кој превезувал пиротехника и експлозив, во северозападна Турција загинаа тројца полицајци, а шестмина се повредени.

Пиротехнички средства биле транспортирани од фабрика за да бидат уништени во контролирана експлозија во Сакарија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Материјалот експлодирал при извлекување од камионот, а двајцата загинати војници се од воената полициска екипа за деактивирање на експлозив.

Материјалот доаѓа од истата фабрика во која при експлозијата пред една недела загинаа седум лица, а повредени се повеќе од 120.

Уапсен е сопственикот на фабриката и четворица вработени.

https://twitter.com/SerapGzl/status/1281166686683631617?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1281166686683631617%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bdd0b0d198d0bcd0b0d0bbd0bad183-d182d180d0bed198d186d0b0-d0b7d0b0d0b3d0b8d0bdd0b0d182d0b8-d0b8-d188d0b5d181d182%2F

Треба да знаете
Последни објави