Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја
одржи 34. седница на чиј дневен ред е постапувањето по приговори доставени од учесници во изборната кампања за претстојните предвремени парламентрани избори.
Комисијата ќе го разгледа приговорот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија” преку овластениот потписник Игор Јанушев.
Имајќи ги предвид препораките на Владата за спречување на ширењето на КОВИД-19 и немањето соодветни услови, седницата ќе се одржи без присуство на медиуми, но во живо ќе може да се следи на линкот https://us02web.zoom.us/j/84541056980.