Германско-турската актерка Мерием Узерли, која стана позната по улогата на Хурем во серијалот ,,Сулејман Величествениот”, се пофали со новиот деловен проект.
Имено, актерката утре ќе отвори продавница за слатки во центарот на Берлин.
Како што објасни на својот профил на Инстаграм, се надева дека ова ќе биде само една во низата продавници што планира да ги отвори низ целиот свет.
“Ја отворам мојата прва продавница Нош Нош во Берлин. Тоа е вкусно и многу здраво слатко. Ова е само почеток на едно убаво патување. Почнувам во Берлин и се надевам дека ќе се раширам низ целиот свет. Јас и моите пријатели го создадовме ова место каде сакаме да се чувствувате како дома додека уживате во најквалитетните слатки “, напиша актерката под постот…
https://www.instagram.com/p/CCWZS63ohRI/
Преземено од Канал 5