Нови „бомба“ е објавена утрово на Јутјуб каналот Обнова на режимот каде се слушаат разговори меѓу кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска кои договараат да се преврти камион со песок во близина на Кичево, за да се задржат патниците-Албанци кои слетуваат на охридскиот аеродром и да се спречи да гласаат.
Милошоски предлага и цариниите да ги задржат патниците што е можно подолго.