Патеката „Муџело” во Тоскана ќе биде домаќин на трката во Формула 1 во септември, беше потврдено во петокот.
Големата награда на Тоскана е закажана за 13 септември, една недела по трката во Монца.
Патеката „Муџело” припаѓа на Ферари и таа трка ќе биде јубилејна 1.000. за италијанскиот тим.
Таа патека, која се наоѓа на 32 километри од Фиренца, досега не била домаќин на трките во Формула 1, но таа беше домаќин на трки од првенството во Мото ГП.
Формула 1 исто така потврди дека трката за Големата награда на Русија ќе се одржи во Сочи на 27 септември.
Ова се деветта и десетта трка што е потврдена за првенството чиј календар беше променет поради пандемијата од коронавирус.
Во Формула 1 сè уште се надеваат дека ќе возат меѓу 15 и 18 трки до крајот на сезоната.
– Имавме одличен почеток на сезоната во Австрија минатиот викенд и се повеќе и повеќе сме сигурни во нашите планови за 2020 година. Ние сме подеднакво возбудени што првата трка во Формула 1 ќе се одржи на „Муџело”, каде ќе биде обележана 1.000. трка во Ферари, рече претседателот на Формула 1, Чеис Кери.
Шампионатот во Формула 1 започна минатиот викенд во Австрија, а втората трка ќе се вози на истата патека в недела.