Претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села се обрати до Премиерот на Република Косово, Авдалах Хоти, за да побара разбирање во врска со одлуката на владата на Северна Македонија која бара од граѓаните на Косово да имаат негативен тест ПЦР за да го поминат граничниот премин меѓу двете држави.
Села пишува дека мерките што ги спроведува владата на Северна Македонија против граѓаните на Косово на заедничките гранични премини се корона политика мотивирана од стравот од изборите.
Села понатаму го моли Премиерот Авдулах Хоти за разбирање и за непреземање на слични мерки против граѓаните на Северна Македонија затоа што со тоа би се казниле граѓаните на двете држави, особено и иселениците, кои се соединуваат со своите семејства во овој момент. Села ја заклучува својата порака потенцирајќи дека по 15 јули ваквите пречки меѓу двете земји ќе се бидат во историјата.
На 26 јуни Северна Македонија ги отвори границите безусловно, т.е. без PCR тест за коронавирус, па дури и за 14-дневна изолација. По силната политичка поддршка што дојде од Приштина за Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива и која се очекуваше да кулминира во текот на последните денови од кампањата, владата на Северна Македонија ги врати мерките за негативен ПЦР тест за граѓаните на Република Косово и некои други соседни земји со сомнителни епидемиолошки оправдувања.