Славната глумица и водителка го споделува своето трауматично искуство.
Станува збор за Елен Деџенерис, којашто неодамна во едно интервју откри застрашувачки моменти од своето детство.
“Мајка ми се омажи за многу лош човек. Лута сум си на самата себе што не му се спротивставив тогаш, кога имав само 15 години. Единствената причина поради која сакам да зборувам јавно за ова е да им помогнам на останатите девојки, да не се најдат во слична ситуација.”
Елен откри дека нејзината мајка морала да ги отстрани двете гради поради рак.
“Кога мајка ми отиде во град, тој ми рече дека почуствувал грутка на нејзините гради, па мора да ги допре моите за да биде сигурен. Рече дека не сака ништо да и кажува неа, за да не ја вознемири. Ме убеди дека мора да ми ги допре градите, а потоа истото го повтори уште неколку пати.” – раскажува водителката и додава дека морала да побегне од него…
Преземено од popara.mk