Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, попладнево е на средби со граѓани во Куманово. Тој посочи на огромните разлики во начинот на којшто Влада што ја предводи СДСМ се грижи за граѓаните и тие со тоа се на сигурно и однесувањето на ВМРО-ДПМНе кога се на власт, кои се грижат само за себе и се опасност.
„За 11 години власт тие поставија само 7 километри пат во изборната единица 2, а ние за 3 години имаме 159.7 километри нови и рехабилитирани патишта во десетте општини во ИЕ 2″ посочи Спасовски.
Тој побара од граѓаните нов чист мандат за расчистување со остатоците во режимот и за сигурна иднина на граѓаните и на државата.
„Гласот за број 3 значи:
-Сигурен раст на платите н граѓаните, а не да се полнат џебовите на луѓето на Груевски.
-Да го исчистиме судството од корумпирани судии и обвинители, а не Мискоски да ги спасува Камчев и Груевски.
-По НАТО, да продолжиме и во ЕУ, а не тие да го поништат Договорот од Преспа и да предизвикаат нова внатрешна и надворешна нестабилност.
-Одговорни луѓе да продолжат да се справуваат со здравстено економска криза, а не неодговорни како Мицкоски и соработниците да блокираат проекти за вложувања во здраството, да шират паника и да мислат на тендери на штета на здравјето на граѓаните” рече Спасовски.
Тој повика граѓаните да излезат на гласање на 15 јули бидејки се носи голема одлука за сигурна иднина на државата.
„За да продолжи СДСМ да ја води Владата, мора да излеземе на гласање. Останувањето дома остава можност на власт да се врати Груевски. Носиме голема одлука да продолжиме во сигурна иднина за нас, нашите деца и за идните генерации. Ние сме на потег, да продолжиме со СДСМ за сигурност, бидејки на спротивната страна е режимот што демне да се обнови и е огромна опасност, за животот, за егзистенцитата на граѓаните, за меѓуентничките односи и за државата. Изберете број 3. За сигурност” порача Спасовски во Куманово.