Намалување на ДДВ од 18% на 15% линеарно за сите сектори во државата како и дополнително намалување на ДДВто на максимални 10% за туризмот и угостителството, исклучително во делот на храната, прелага Македонски концепт како дополнителни мерки за справување со последиците од здравствената криза.
“Се приближуваме до крајот на изборната кампања на предвремените парламентарни избори 2020 година, а со тоа доаѓа и моментот да се соочиме со реалноста и да се вратиме на секојдневниот живот почнувајќи од 16 јули. Тоа значи да се соочиме со големата здравствена криза во која се наоѓаме, а ја запоставивме во периодот на оваа изборна кампања. Големиот број заболени од Ковид 19 нужно најавува нови мерки за справување со вирусот, токму поради што и информациите до кои доаѓа Македонски концепт, но и очекувањата од јавноста се дека од страна на одредени политички партии, групи, односно оние кои во иднина ќе бидат дел од парламентот ќе дадат поддршка на враќање на долг карантин во градот Скопје”, изјави Богојески.
Македонски концепт предлага донесување мерки адекватни на безбедноста на граѓаните и потребни за македонската економија.
“Доколку добиеме факторизација на овие избори и доколку имаме свое политичко влијаниево општеството, ние како Македонски концепт ќе се спротивставиме на воведување нестандардни мерки само за Република Македонија, а ќе ги поддржиме сите оние мерки кои се еквивалент на мерките кои ги препорачува СЗО и кои ги практикуваат западноевропските земји. Се друго кое е измислица во мерки и кое директно и штети на македонската економија нема да го поддржиме”, изјави Петар Богојески.
Најпогодени се услужните дејности и туристичкиот сектор, нешто кое и до сега претрпе огромни загуби. Она што Македонски концепт може да направи е заложбата за намалување на ДДВ од 18% на 15% линеарно за сите сектори во државата како и дополнително намалување на ДДВто на максимални 10% за туризмот и угостителството, исклучително во делот на храната, бидејќи има голема дискрапанца помеѓу влезното ДДВ од 5% и она кое после го плаќаат од 18%. На тој начин ќе им помогнеме да ги санираат штетите од здравствената криза оваа година и да ги зачуваат илјадниците работни места на вработените во Скопје но и во цела Македонија.