Кандидатот за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери, денеска со караванот „Оствари го сонот” ги посети Теарце, Порој, Челопек, Жеровјане, Камењане, Голема Речица и Мала Речица.
Зибери разговараше со граѓаните од овој регион за предизвиците со кои се соочуваат, презентирајќи ги своите планови, заложби и идеи за иднината на овој регион, а исто така граѓаните имаа можност да добијат и одговори на прашањата кои ги засегаат во секојдневниот живот.
На средбите Зибери со соговорниците дискутираше и за неговите заложби за првите 100 дена од неговиот мандат, за важноста на ова патување, откривајќи ја идејата за првиот премиер Албанец, што претставува моќен симбол за еднаквост, мултиетничка припадност и современа демократија, а исто така е и идеја за подобар живот за сите.
Зибери од жителите на овој регион побара поддршка за оваа идеја не само од албанските граѓани, туку и од Македонците и другите етнички заедници