Во Софија вечерва се одржаа два митинга, едниот за поддршка на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на премиерот Бојко Борисов, а другиот за поддршка на бугарскиот претседател Румен Радев.
Приврзаниците на Радев се пред зградата на Министерскиот совет (Владата) во Софија и бараат оставка од премиерот Борисов.
ГЕРБ преку соопштение информираше дека по завршувањето на митингот, автобусите со нивните приврзаници биле нападнати, но оти нема повредени. За нападот ги обвинија привразаниците на Радев и побараа од претседателот да „ги отповика платените провокатори”.