Група демонстранти ја нападнаа вечерва зградата на српскиот Парламент, пробивајќи ја заштитната ограда пред влезот на законодавниот дом и со неа почнале да ја гаѓаат вратата, но полицијата веднаш реагирала и ја отстранила.
Хулиганите со фантомки на глава фрлале со камења и шишиња кон припадниците на полицијата, но засега полициските сили не одговараат на нападите.
Голем број демонстранти се повлекуваат пред напаѓачите, а кородни полиција се распоредени околу Парламентот.
Вратите на Парламентот цело време биле затворени, а групата демонстранти ги повикувала останатите да им се придружат.
Искрешени се и надзорните камери, а се слушаат и „топовски удари”.
Претходно, се случи инцидент, во кој на едно лице му е нанесена повреда со нож, а потоа се уапсени три лица.
Како што објави порталот Нова.рс, приведените се веднаш префрлени со полициско возило во станица.