ПСЖ никогаш не победувал Италијанци во ЛШ

Ждрепката за четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите беше извлечена вчера. Еден од судирите кои се формираа беше Аталанта против Пари Сен Жермен. На прв поглед, францускиот шампион е апсолутен фаворит во овој пар, но вистината е дека статистиката не е на страната на парижаните.

Аталанта е апсолутен дебитант на турнирот, но веднаш стигна до четвртфиналето, што е доста импресивно достигнување само по себе. Сега, сепак, еден од фаворитите во турнирот застанува на пат на тимот од Бергамо.

Сепак, статистиката им дава сериозни надежи на пулените на Џанпјеро Гасперини да направат уште поголем подвиг. Таа покажува дека ПСЖ никогаш не победил италијански тим во Лигата на шампионите. Парижаните ги загубија двете судири со Милан (0:1 и 0:2) во полуфиналето во сезоната 1994-95. Потоа тие забележаа четири реми во натпреварите во групната фаза повторно со Милан (1:1 и 1:1) во 2000-01 година и со Наполи (1:1 и 2:2) во 2018-19.

Да не се потценува и фактот дека ПСЖ нема да биде во оптимална форма за судирот со Аталанта на 12 август. Како што знаеме, францускиот шампионат беше рано прекинат поради пандемијата на коронавирус и парижаните не одиграа официјален натпревар од март. Тие сепак ќе запишат две средби со Сент-Етјен во финалето на Купот на Франција на 24 јули и со Лион во финалето на Лига купот на 31 јули, но само толку.

Во исто време, Аталанта веќе одигра 6 натпревари по рестартирањето на Серија „А”, а ќе одигра уште 7 натпревари до крајот на кампањата. Тимот од Бергамо исто така се во одлична форма, се наоѓаат во серија од 9 последователни победи (имаа три пред паузата на првенството).

Треба да знаете
Последни објави