ИФИМЕС – Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии со седиште во Љубљана
Предвремените парламентарни избори во Република Северна Македонија ќе се одржат на 15 јули 2020 година. Изборите првично беа закажани да се одржат на 12 април 2020 година, но беа одложени поради пандемијата предизвикана од „Ковид-19″ вирусот.
Според пропорционалниот систем, на изборите за македонскиот парламент (Собрание) се избираат 120 пратеници. Нешто помалку од 1,8 милиони гласачи имаат право на глас. Двете водечки политички партии кои повторно ќе се соочат на овие избори се: Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ – владејачката Социјалдемократска партија) и ВМРО-ДПМНЕ (опозициската конзервативна десничарска партија). Постојат и други помали партии, како што се Демократската унија за интеграција (ДУИ – владејачката етничка албанска партија), Алијансата за Албанците (опозициската партија на етничките Албанци), партии на малцинствата како Турците, Ромите, Бошњаците, Србите и други, кои традиционално ќе имаат свои претставници во македонскиот парламент.
Граѓаните повторно пред изборот Заев или Груевски?
Парламентарните избори претставуваат шанса за продолжување на промените во Република Северна Македонија, кои започнаа со формирање на новата коалициона Влада на Република Северна Македонија на 31.5.2017 година, предводена од премиерот Зоран Заев (СДСМ).
Парламентарните избори во Република Северна Македонија се нестандардни избори за обете страни на политичкиот спектар (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ), затоа што постои политичка борба помеѓу демократијата и авторитаризмот, односно меѓу граѓанскиот и/или етничкиот карактер на Северна Македонија. Тоа е повторно избор помеѓу „антиката и иднината”.
Парламентарните избори се можност да се нанесе крајниот удар на дуото Никола Груевски (ВМРО-ДМПНЕ) – Сашо Мијалков (ВМРО-ДПМНЕ), кои се директно одговорни за нелегалното прислушување на повеќе од 26.000 граѓани и нелегалното изнесување на повеќе од пет милијарди евра од земјата. На ова може да се додадат нерешени убиства или физички ликвидации од периодот на нивното владеење и бројните меѓуетнички инциденти, кои не се забележани во оваа мултиетничка земја на Западен Балкан во изминатите три години.
Затоа, според аналитичарите, парламентарните избори претставуваат конфронтација меѓу Зоран Заев (СДСМ) и Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), кој ја спроведува предизборната кампања од Будимпешта со логистика и поддршка на најмалку четири други земји, кои го дадоа својот безбедносен и разузнавачки апарат и неограничени ресурси, за соборување на сегашната власт во Северна Македонија, предводена од СДСМ и Зоран Заев.
Де-Груевизацијата на Република Северна Македонија е долготраен процес на демонтирање на тој режим, кој е навлезен во сите сегменти на македонската држава и општество. Груевски сè уште има сериозни намери да се врати од Унгарија во Северна Македонија „на бел коњ“ и да стане премиер на земјата. Груевски е единствениот и вистински кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за премиер на Република Северна Македонија и единствениот противкандидат на Заев.
Иако ВМРО-ДПМНЕ треба да биде националистичка партија, тие немаат повеќе конкретни ветувања во нивната сегашна политичка агенда. Тие ниту јасно го соопштија поништувањето на Преспанскиот договор или на Охридскиот рамковен договор. Не е најавена еднострана промена на името на државата, како што често се ветува реторички, дури ниту промена на името за внатрешна и/или надворешна употреба. Ваквата политика не е препознатлива и не претставува практика што навистина би потсетувала на вистинската ВМРО-ДПМНЕ од пред 20 или 30 години. Затоа постарите членови на ВМРО-ДПМНЕ ја нарекуваат оваа партија денес “втора СДСМ”. Поради тоа со ваква слаба реторика ВМРО-ДПМНЕ не е во можност да се консолидира и да ги привлече дири ни своите избирачи а камо ли нови гласачи. Сегашната ВМРО-ДПМНЕ не е прв избор ниту за членовите на ВМРО, кои изразуваат загриженост и повторно стравуваат од директен судир со најголемите западни сили како САД, Велика Британија и Германија, кои јасно кажаа НЕ на ваквата дестабилизирачка политика на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е особено видливо сега кога се влезе во последната фаза од дијалогот меѓу официјалниот Белград и Приштина и кога станува збор за решавање на политичката состојба во Босна и Херцеговина. Никој сега не сака да ја дестабилизира Северна Македонија и регионот.
Договорот од Преспа е удар за македонските непријатели
ДУИ наликува на босанската испостава на ХДЗ предводена од Драган Човиќ. Аналитичарите сметаат дека политичките активности на Али Ахмети и ДУИ се слични на политичките активности на Драган Човиќ и на Хрватската демократска заедница на Босна и Херцеговина (ХДЗ БиХ), кои секогаш одат со максималистички барања, односно одбрана на „нивната” етничка заедница на Албанците и босанските Хрвати поради друг скриен интерес претежно криминален. Последиците од таквата политика е што бројот на Албанците и Хрватите со вакви политики е преполовен и тие ја гледаат својата иднина во странство. Ахмети и Човиќ се презентираат пред јавноста како носители на европскиот пат и европските вредности, а во основа, покрај криминалот, станува збор за промоција на најтемните европски вредности, кои се поврзани со поразените идеологии на Втората светска војна, како фашизмот и слично.
Претстојните парламентарни избори во Република Северна Македонија се важни за обете страни на политичкиот спектар (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ), затоа што постои политичка борба помеѓу концептите за минатото и иднината и затоа е важно Македонците да бидат на вистинската страна на историјата на претстојните парламентарни избори. Да бидат посветени на иднината на нивната земја и нејзините граѓани. Претстојните парламентарни избори се клучни за Северна Македонија, дури и за регионот на нејзиниот пат кон евро-атлантска интеграција, бидејќи сегашната македонска влада покажа дека е лидер и носител на реформскиот процес во регионот.
Аналитичарите предупредуваат на безобразноста на националистичкиот концепт и националистичката политика во мултиетничка држава како Северна Македонија, а тоа се покажа за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во периодот од 2006 до 2017 година. Затоа овие парламентарни избори се избор помеѓу „Запад и Исток” и избор помеѓу два различни системи на вредности. Овие парламентарни избори не се обични избори, туку продолжение на парламентарните избори и политичките промени и процеси кои започнаа на 11 декември 2016 година, кога се одржаа предвремени парламентарни избори, што доведе до соборување на режимот на Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) и воспоставување на новата владејачка коалиција, предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
„Мини Шенген” дополнителна шанса за развој на Северна Македонија