Фудбалска Англија остана без уште една легенда, откако синоќа по подолго боледување почина Џеки Чарлтон, на 85-годишна возраст.
Светскиот шампион со „Гордиот Албион“ своевремено се сметаше за еден од највлијателните фудбалски имиња на Островот, поголемиот дел од кариера го мина носејќи го дресот на Лидс Јунајтед, а како менаџер со успеси ја водеше селекцијата на Ирска.
Џеки беше легенда на Лидс Јунајтед, одигра 773 натпревари, а се смета и за еден од најдобрите дефанзивци во историјата на Англија.