Македонските фудбалски репрезентативци, Горан Пандев и Енис Барди се запишаа во листата на стрелците за своите екипи на денешните средби од италијанската Серија А и шпанската Ла Лига.
Пандев одигра 74 минути за Џенова и го постигна првиот гол во триумфот над Спал (2:0) и негов деветти во тековната сезона. Оваа победа за Џенова е многу важна во борбата за опстанок.
Џенова по 32 натпревара има 30 бода и е едно место над линијата од опасната зона, но конкурентите за опстанок, допрва треба да ги одиграат своите дуели од оваа рунда.
За разлика од тимот на Пандев, екипата на Леванте за која игра Барди, загуби со 1:2 од Атлетико Билбао, но нивниот опстанок во најквалитетното шпанско фудбалско првенство не е доведен во прашање.