Силјановска: Рекет здружението, Заев – СДСМ, е најопасно за Македонија

Професорката Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници, од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во ИЕ 1 на дебатата на телевизија Телма во емисијата „Топ тема“  се осврна на кампањата, понудата и кажувањата на политичкиот противник за време на кампањата за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 15 јули.

„Не е точно дека денес сме во светлина, зошто не знам по кој пат го чекаме датумот за почеток на преговори со ЕУ. Сега гледаме дека критериум за ЕУ ќе бидат и изборите, а истите се случуваат среде зона на самракот“, кажа Силјановска.

Професорката се осврна на тоа зошто ВМРО-ДПМНЕ може да донесе светлина и обнова на Македонија.

„Бомбите кажуваат дека дошле со лажни ветувања, дека ништо не сториле во борбата против криминалот, и наместо светла станавме црвена точка во борба со корона вирусот. Рекет здружението е најопасно за Македонија“, рече Силјановска

Треба да знаете
Последни објави