Тешка сообраќајна несреќа вечерва во 21:30 часот се случи на патот Штип-Радовиш, во која учествувале три возила. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека несреќата се случила кај сообраќајниот знак за селото Љуботен, според првичните информации од терен има повредени и во оваа несреќа, а се повикани и пожарникарите, со цел да ги издават повредени лица.
Повеќе детали околу несреќата најавуваат за утре.
Ова е втора сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш и тоа во рок од само неполни два часа. МИА претходно информираше за несреќата, која се случи по 19 часот во близина на селото Лакавица во којашто, според директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев повредени se 13 лица, од кои 11 се мигранти и две се жени, македонски државјани. Според она што го видовме на лице место несреќата се случила меѓу две возила марка Мерцедес.
Мигрантите се транспортирале во багажникот во самиот автомобил. Овие две возила излетале од коловозот на десната страна во правец Штип-Радовиш. Според првичните информации од полицијата, возачот на мигрантите побегнал од местото на несреќата.