Поранешната директорка на Кожна клиника поднела приговор за казната од 10 илјади евра

Поранешната директорка, а сега докторка на Кожната клиника, Нина Цаца Биљановска поднела приговор на предлогот на Обвинителството да биде казнета со 10 илјади евра за ширење на заразна болест.

Од судот за Фокус објаснуваат дека како и сите казнети за време на пандемијата, Биљановска има право да поднесе приговор и да и биде закажано рочиште. Биљановска денеска се појавила во суд, но рочиштето било одложено бидејќи нејзината одбрана чекала дополнителни докази.

Докторката беше една од првите заразени со Ковид -19 на почетокот на епидемијата откако се врати од скијање од Италија. Но, наместо да биде во изолација таа по враќањето одела на работа и била дел од научен симпозиум.

Кожната клиника по нејзината зараза беше привремено затворена, неколку вработени беа позитивни, а дел во самоизолација. Биљановска беше разрешена од директорското место, но по нејзиното боледување се врати на работа како доктор на Клиниката.

Треба да знаете
Последни објави