Откажан маратонот во Чикаго

Маратонот во Чикаго, кој беше закажан за 11 октомври, е откажан поради пандемија на коронавирус, објавија организаторите.

Маратонот во тој град обично собира околу 45.000 спортисти и повеќе од милион гледачи, така што организаторите проценија дека ваков голем настан е огромен ризик за време на пандемијата.

Според најновите бројки, 55.184 случаи на коронавирус се потврдени во Чикаго, додека 2.682 лица починале.Ова е последен во низата најголеми светски маратони кои се откажани поради пандемија на коронавирус. Претходно, маратоните во Њујорк и Бостон беа откажани.

Лондонскиот маратон, кој требаше да се одржи во април, е поместен за 4 октомври.

Треба да знаете
Последни објави