Врачена наградата Автомобил на годината во Македонија за 2020 година и признанието СУВ на годината

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ по 25. пат ги врачи најпрестижната и најпосакуваната награда и признанието во автомобилската индустрија. Со тоа продолжи традицијата на наградување на моделот што во текот на изминатата година пристигнал на македонскиот пазар, а според критериумите на Националното Жири заслужува да ја добие наградата, објави „24Ауто.мк.“

Победникот, моделот Opel Corsa беше прогласен уште во февруари, но поради моменталната ситуација планираното свечено доделување беше одложено.

Членовите на Жирито доделувањето на наградите и признанијата го направија во салоните на победниците. За победникот Opel Corsa е врачена стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов направено специјално за Изборот на автомобил на годината во Македонија уште од 1995 година, а признанието СУВ на годината во Македонија за 2020 година го врачија за моделот Toyota RAV 4.

Повеќе на „24Ауто.мк.“

Треба да знаете
Последни објави