Четири италијански екипи сакаат да го добијат Умтити

Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона сака да го продаде Самјуел Умтити, а за него се заинтересирани италјанските калчолигаши Наполи, Лацио, Рома и Торино, објави „Sport.es”.

Според изворот, каталонскиот клуб сака да го замени Умтити со дефанзивец од „висока класа”.

Во сезоната 2019/20, Умтити одигра 18 натпревари за Барселона и нема постигнато гол или асистенција.

Треба да знаете
Последни објави