Барселона ангажира млад анонимен напаѓач од Сао Пауло

За Барселона останаа само теоријата до крајот на првенството во шпанската Ла Лига да ја одбрани титулата, откако Реал Мадрид победи на гостувањето кај Гранада (1:2), и на две кола пред крајот има четири бода предност. Тоа е сигнал тимот од „Камп Ноу“ летниот преоден рок да го искористи за да направи ремонт во тимот.

Според „ЕСПН“ и „Глобоеспорте“ Барселона тргнала во потрага по млади таленти и ангажирала играч од Сао Пауло. Момчето кое има 19 години е непознато во фудбалската јавност, бидејќи нема одиграно ниту еден официјален натпревар за првиот тим на бразилскиот великан.

Тоа не било проблем Барселона да го ангажира напаѓачот Густаво Маиа за само 4,5 милиони евра.

Каталонскиот гигант уплатил 1 милион евра на сметката на Сао Пауло во јануари и го задржал правото да го откупи договор до 15 јули. Бидејќи тој рок полека истекува, Барселона денеска информирала дека ќе ја активира клаузулата, со што Маиа станува играл на шпанскиот тим.

Младиот напаѓач Маиа ќе се приклучи на Б тимот на Барселона од каде ќе почне да се докажува. Сао Пауло од евентуален следен голем трансфер на својот млад напаѓач во друг клуп ќе има право на 30 одсто од парите.

Треба да знаете
Последни објави