(Видео) Поплавата за миг однесе цела куќа во Кина

Во долината на реката Јангце се забележани врнежи од дожд какви што не се паметат во последните 50 години, а во поплавите досега загинаа најмалку 141 лице.

Поплавите носат сè пред себе, дури и големи куќи.

Во провинцијата Џангси, на југот на земјата, надојдената река за миг проголта двокатна куќа.

Прво, приземјето беше поплавено, а потоа целата куќа се преврте и се распадна во водата. Сето тоа траеше околу 5 секунди.

Најмалку 140 луѓе загинаа и исчезнаа во поплавите во централните и источните области на Кина, а сега е загрозен и Вухан, градот каде што почна пандемијата на коронавирусот.

Најголемите поплави во Кина се случија во 1998 година, кога повеќе од 4.000 луѓе загинаа.

Треба да знаете
Последни објави