Севиља обезбеди учество во ЛШ, па мора да го купи Сусо за 24 милиони евра

Напаѓачот на Севиља, Сусо, која настапува како позајмен од редовите на Милан, ќе остане во шпанскиот клуб, пренесува „Football Italia”.

Клубот од Севиља го обезбеди своето учество во групната фаза од Лигата на шампионите 2020/21. Во случај на влез во Лигата на шампиони, Севиља е должна да го откупи договорот на 26-годишниот Шпанец за 24 милиони евра.

Во сезоната 2019/20, Сусо настапи на 18 натпревари за Севиља, во кои постигна гол и направи две асистенции.

Треба да знаете
Последни објави