Мегваер: Сами се ставивме под притисок

Дефанзивецот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, жали за пропуштената прилика за триумф против Саутемптон со кого ремизраа 2:2.  „Светците” стигнаа до бод по корнерот во 96-та минута, кога беа со човек повеќе поради повреда на Брендан Вилијамс и со тоа не дозволија противникот да излезе на третото место во пласманот.

– Разочарани сме затоа што го контролиравме натпреварот долго време и имавме многу ситуации. Не бевме во најдобра состојба, но сепак направивме доволно, за да победиме. Постојат работи на кои треба да се работи. На крајот, статична ситуација нè уби. Се ставивме сами под притисок откако не постигнавме трет гол. На крајот, бевме несреќни кога останавме со 10 лица. Ќе ја анализираме ситуацијата, но навистина сме разочарани. Сепак, мора да се смириме и да се обидеме да земеме 3 бода уште на следниот натпревар, рече Мегваер.

Треба да знаете
Последни објави