Видеото во кое лежи на подот и нежно го гушка манекенката Ирина Шајк го сними 18-годишниот син на актерката и манекенка Елизабет Харли за новата кампања за маскара потпишана од Пат Мекграт.
Слика и прилика на својата позната мајка, Демијан Харли со одушевување ја прифатил поканата за снимање и на „Инстаграм“ се пофали со финалниот производ.
На почетокот на видеото во преден план е Ирина, која потоа се спушта и нежно со рацете во долгите кожени ракавици го допира Демијан Харли, цело време сензуално гледајќи во камерата. Во еден момент таа ја спушта главата сè до неговата, а 18-годишното момче мижи.
Демијан Харли, кого Елизабет го доби од врската со покојниот Стив Бинг, е крајно самоуверен, што е јасно видливо во видеото, а уште од рана возраст не крие дека мајка му му е идол.
Дури и Елизабет Харли не можеше да ја скрие гордоста поради неговата кампања, со која исто така се пофали на „Инстаграм“.