Наја Ривера го спасила синот пред да се удави

Четиригодишниот син на актерката Наја Ривера им кажал на истражителите дека неговата мајка – чие тело беше пронајдено во езерото Пиру, јужна Калифорнија во понеделникот – го вратила назад на палубата на нивниот изнајмен чамец а потоа кога погледнал назад ја видел како исчезнува под водата, соопштија властите.

„Мајката собрала доволно енергија за да го врати својот син на чамецот, но не доволно за да се спаси и таа самата“, рече шерифот на округот Вентура, Бил Ајуб, на прес-конференција во вторникот.

Џоси Холис Дорси беше пронајден заспан на чамецот со елек за спасување на него, околу три часа откако започна потрагата во езерото Пиру северозападно од Лос Анџелес. Петдневната потрага заврши со пронаоѓање на телото на 33-годишната актерка рано во понеделникот, соопштија властите.

Мајката и синот заминале на пливање, што било дозволено во тој дел од езерото, рече шерифот. Таа не носела елек за спасување.

Властите веруваат дека Ривера се удавила случајно и дека нејзиното тело најверојатно било заробено во вегетацијата под езерото неколку дена пред да излезе кон површината, пренесува агенцијата „АП“.

Треба да знаете
Последни објави