Во Унгарија на полноќ стапија во сила построгите гранични мерки поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во други земји.
Земјите се поделени на „црвена”, „жолта” и „зелена” листа – според моменталната епидемиолошка состојба, при што земјите со најмал број заразени се на зелениот список, додека државите со најголем ризик се на црвената листа.
На патниците од земјите на црвената листа им е целосно забрането влегување во Унгарија.
На жолтата листа се Србија, Бугарија, Португалија, Романија, Русија, Шведска и Велика Британија.
Во црвената листа, од земјите во регионот се Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Косово.
Унгарија соопшти дека континуирано ќе ја следи состојбата во другите земји и соодветно ќе го менува статусот на списоците.