Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, ја повика словенечката Влада да дозволи повеќе време да се дискутира за новиот закон за медиуми.
-Ја повикувам владата на Република Словенија да гарантира дека има доволно време за значајни консултации за новиот предлог законот за медиуми, претставен минатата недела. Предложените реформи се значајни и бараат да се слушнат и да се земат во предвид ставовите на здруженијата на новинари, медиумите и цивилното општество во Словенија, објави на Твитер, Дуња Мијатовиќ.