Ако нема вакцина против коронавирусот, нема да има самба во Бразил

Некои од поголемите училишта за самба во Рио де Жанеиро, Бразил, велат дека нема да учествуваат на карневалот следната година, ако нема достапна вакцина против коронавирусот, јавуваат бразилските медиуми.

Пет од најпрестижите 12 училишта, вклучувајќи ги тука и Мангеира и Беиха Флор, соопштија дека ќе се залагаат за одложување на парадата. – Едноставно е. Ако нема вакцина, нема да има самба. Како можете да соберете толку луѓе без колективен имунитет?, рече директорот на училиштето на Сао Климент, Ренатино Гомез.

Градоначалникот на градот Салвадор де Бахија, во северозападен Бразил, каде што свеченостите привлекуваат илјадници туристи, предложи да се одложи националната карневалска сезона до април или јуни догодина. Министерството за здравство во Рио соопшти дека има повеќе од 132.000 случаи на коронавирус во тој град и повеќе од 11.400 смртни случаи.

Бројот на починати во Бразил изнесува скоро 73,000 смртни случаи, а 1,9 милиони лица се заразени со коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави