Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети и носител на кандидатската листа во Шестата изборна единица го оствари своето гласачко право на избирачкото место 0816 во кичевско Зајас.
По гласањето Ахмети изјави дека посакува регуларен процес и да се почитуваат здравствените упатства, посочувајќи дека овие избори се многу битни ако се знае, како што рече, дека досега завршивме многу значајни процеси важни за регионот и за мирот воопшто.
– Се отвора нова страница на историјата на оваа земја, за зачленување во Европската Унија, при што победниците имаат историска одговорност да ги исполнат потребните услови за ЕУ. Ќе треба да се работи на подигање на стандардот за подобар живот, подобро образование и здравство. Значи, ќе има голема работа за да се исполнаат барањата и очекувањата на народот. Јас сум убеден дека во тоа ќе успееме. Се знае нашата платформа, очекувам победа во албанскиот кампус, изјави Ахмети.