Јанушев: Со обработени околу 20 отсто од гласовите имаме разлики од седум пратеници

Граѓаните ја сфатија сериозноата на ситуацијата во која се наоѓа државата и во огромно мнозинство одлучија за обнова, изјави генералениот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Победуваме, порача Јанушев, со над 10.000 гласа и водиме со 2 спрема 1 во Гази Баба, Илинден, Кривогаштани, Свети Николе…

-Огромна благодарност до сите структури на ВМРО-ДПМНЕ кои се вложија за она што се слеудва малце подоцна. Македонија денес одлучуваше за промени и обнова. Најважно е дека народот во огромно мнозинство се определи и следува огромна победа.Морам да забележам и на нерегуларностите кои се од очај на СДСМ кои се свесни дека катастрофално губат. Се служеа со поткуп и манипулација. Но, тоа не им помина и народот ги казни. Имаше околку 20 случаи на поткуп. Сите овие нерегуларности се процесираат.
Победуваме во Македонија, победуваме речиси насекаде. Од досега обработени 20 проценти од гласачките места, ВМРО-ДПМНЕ има предност од околу 10.000 гласови. Обновата доаѓа, исправи се Македонија. Предноста од досега обработените гласови се движи околу 7-8 пратеника, рече Јанушев.

Тој изјави дека на денешните избори имало сериозни нерегуларности за кои, како што рече, биле известени ОДИХР и меѓународната заедница.

Треба да знаете
Последни објави