(Видео) Касилјас по 14 месеци зачекори по зелениот тепих на Драгао

Легандарниот шпански чувар на мрежата, Икер Касилјас вчера по пауза од 14 месеци зачекори по „зелениот тепих“ на Драгао придружувајќи им се на своите соиграчи од Порто во прославата на шампионската титула во Португалија. Икер се симна на теренот да прослави, а во интервјуто кое го имаше не криеше дека доживува емотивни моменти по големиот шок со срцевиот удар.

– Немав стапнато на „Драгао“ 14 месеци на теренот. На крајот секој емотивно ги доживува овие работи. Се чувствувам како шампион со овој голем успех на Порто, но заслужни се оние кои играа на теренот, овие играчи кои покажаа најголема константност – порача Касилјас.

Треба да знаете
Последни објави