Гатузо: Кога јас лаам не касам, ама ако залае Михајловиќ …

Темпераментниот поранешен фудбалер, а сега тренер на италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи, Ѓенаро Гатузо не крие дека има похрабари луше од него иако важеше за бескомпромисен борец на теренот во италијанската Серија А. Како еден од похарабрите Гатузо го посочи српскиот поранешен играч, а сега тренер Синиша Михајловиќ. Болоња и Наполи вчера одиграа првенствен меч од 33. коло во Серија А кој заврши без победник (1-1).

Тренерите Гатузо и Михајловиќ кои седнаа еден до друг пред мечот, а тоа беше забележано од фоторепортерите, ги ставија фудбалерите и настаните од мечот на овој натпревар во втор план.

-Синиша е многу похрабар од мене. Јас лаам, ама не касам, ама кога Синиша ќе залае – подобро чувај се. Неговиот тим е слика и прилика на неговиот темперамент. Момци кои никогаш не се откажуваат, вели Гатузо.

Треба да знаете
Последни објави