Во Германија, повеќе од 500 новозаболени од коронавирус, седуммина починати

Бројот на потврдени случаи на заболени од коронавирус во Германија се зголеми за 534.

Инфицирани се вкупно 200.260 лица, според Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“, пренесува „Ројтерс“.

Уште седум лица починаа во последните 24 часа.

Досега 9.078 лица починаа од последиците од инфекција со коронавирус во Германија.

Треба да знаете
Последни објави