ДИК ѝ го дал сајтот на компјутерската фирма без оглас со директно преговарање една недела пред избори

Постапката за набавка на софтвер за веб сајт на Државната изборна комисија на кој што требаше вчера во живо да се објавуваат резултатите од предвремените парламентарни избори завршила на 8 јули 2020, кога била одбиена жалбата на „Ај Воут“, фирмата која што без проблеми го одржуваше сајтот на ДИК од 2006 година, т.е. од формирањето на ДИК како постојано тело.Набавката на софтверот е спроведена со преговарање без објавување на оглас, а како најповолен понудувач беше избрана фирмата „Дуна“, објави „САКАМДАКАЖАМ“.

Двете компании биле поканети на преговори од ДИК на 19 јуни 2020, а фирмите утредента ги доставиле понудите. Одлуката за избор на „Дуна“ е донесена на 22 јуни 2020. Истиот ден, „Ај Воут“ поднела жалба, која што е одбиена од Државната комисија за жалби по јавни набавки како неоснована на 8 јули 2020.

Веб сајот на ДИК е умрен уште од синоќа по затворањето на избирачките места во 21 часот. Нема официјални резултати, ниту има најава кога би имало.

Треба да знаете
Последни објави