Страницата на ДИК не работи ниту денес, а претседателот Дерковски вчера соопшти дека биле цел на хакерски напад.
Во МВР веќе стигнала пријава од ДИК дека биле хакирани и затоа Секторот за компјутерски криминал ќе започне да истражува што се случи со официјалната страница на изборниот ден и дали нападот е реализиран преку компјутерски систем во земјава.
Освен сајтот на Изборната комисија, и други беа цел на хакери во ист ден. Страниците на Министерство за внатрешни работи, на Телевизија Телма како и Тime.mk каде што се собираат сите вести имаа проблеми со упад на хакери.
Дознаваме дека мрежите на Телеком и на А1 вчера беа цел на хакерски напад, а со хакери се соочија и важни веб-сајтови и тоа на изборниот ден.