Бугарија привремено ги затвора сите гранични премини

Од денеска до 31 јули во соседна Бугарија на сил е нова привремена забрана за влез на нејзината територија за сите граѓани од регионов, без разлика на нивното државјанство, преку сите гранични премини – воздушни, поморски, железнички и копнени. Забраната важи за граѓаните на Република Северна Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, Косово, Албанија и Турција.

Исклучокот од забраната за македонските државјани важи само за оние кои транзитираат преку Бугарија за да се вратат дома.

Забраната е привремерна мерка како последица на влошената епидемиолошка ситуација со коронавирусот во регионот, вклучувајќи ја и нашата земја.

Според податоците објавени на сајтот Worldometers.info, во Бугарија од почетокот на пандемијата досега се регистрирани вкупно 7.877 случаи на COVID-19. Од нив, 289 починаа, а 3.841 се оздравени.

Треба да знаете
Последни објави