На 15.07.2020 во 11.40 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на ул.„8 Октомври“ настанал пожар во куќа сопственост на Љ.П.(57), која како последица на пожарот починала.
Пожарот бил изгаснат од Противпожарната екипа на Крива Паланка.
Се работи на расчистување на случајот.