САД разгледуваат воведување забрана за влез на членовите на КП на Кина

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп анализира да воведе забрана за сите членови на Комунистичката партија на Кина и нивните семејства да влезат во САД. Според западни медиуми кои се повикуваат на неименувани извори, таквиот потег, би можел дополнително да ги влоши веќе тензичните односи меѓу Пекинг и Вашингтон.

Неименуван извор рекол дека нацрт на можна претседателска наредба започнал да кружи меѓу високи функционери, кои разговарале за тоа прашање.

Сепак, тој истакна дека дискусиите се уште се во рана фаза и дека прашањето се уште не е претставено на американскиот претседател Доналд Трамп.

Треба да знаете
Последни објави