ДИК го одложи рокот за медиумите за доставување на извештајот за реализирани услуги за изборите

 Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека го одложува рокот за рокот за доставување на извештајот за реализирани услуги и фактурата која содржи примерок од објави од страна на печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), којшто истекува денеска (17 јули 2020 година), согласно Ревидираниот роковник за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници.

-Со цел медиумите да не бидат оштетени овој рок ќе биде одложен и целосната документација печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) ќе можат да ја достават во следниве неколку дена без притоа да трпат какви било последици, се наведува во соопштението од ДИК.

Треба да знаете
Последни објави