Извршен е и вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје, на ул.16 Македонска бригада б.б. и во моментот на надзорот утврдено е дека погонот Лужилница не е во работен режим, односно производниот процес бил целосно сопрен.
„ Погонот е запрен со работа на ден 10.07.2020 година во вечерните часови. При увид во пречистителната станица утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим и од пречистителната станица истекуваа 210 литри/час отпадна вода која е безбојна.
Исто така се изврши визуелен увид и во пречистителната станица на Макстил АД-Скопје и од истата истекуваше безбојна отпадна вода од 100 м3/час.Значи, од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода“ се вели во извештајот на Инспекторатот.
Како што се додава, ниту Либерти АД Скопје ниту Макстил АД немаат пријавено било каков инцидент или хаварија во нивните погони, а при увидот во нивните пречистителните станици не е забележано обојување на отпадните води.